Листи со песни
На почетниот екран на Music може да креирате сопствени листи со песни од музиката зачувана во
уредот.
101
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Креирање свои списоци со песни
1
Од почетниот екран на Music, допрете го и држете го името на албумот или песната што
сакате да ја додадете во списокот со песни.
2
Во менито што ќе се отвори, допрете Додај во листата со песни > Креирај нова
плејлиста.
3
Внесете име за списокот со песни и допрете ОК.
Може и да го отворите менито на почетниот екран на Music, да допрете Листа со песни,
па за да креирате нов список со песни.
Репродуцирање на своите списоци со песни
1
Отворете го менито на Music, па допрете Листа со песни.
2
Во Листа со песни, одберете го списокот со песни што сакате да го отворите.
3
Доколку сакате да ги репродуцирате сите песни, допрете на која било од нив или Измеш.
пушт. на сите.
Додавање песни во листата со песни
1
Од почетниот екран на Music, пребарувајте до песната или албумот што сакате да ги
додадете во листата со песни.
2
Допрете и држете го насловот на песната или на албумот, потоа допрете Додај во
листата со песни.
3
Допрете го името на листата со песни во која сакате да го додадете албумот или песната.
Албумот или песната сега се додадени во листата со песни.
Отстранување песна од листата со песни
1
Во листата со лесни, допрете го и држете го насловот на песната што сакате да ја
отстраните.
2
Допрете Отстрани од листата со песни.
Бришење список со песни
1
Отворете го менито на Music, па допрете Листа со песни.
2
Допрете ја и држете ја листата со песни што сакате да ја избришете.
3
Допрете Избриши од меморијата.
4
Допрете ИЗБРИШИ за да потврдите.
Не може да ги бришете паметните листи со песни.