Sony Xperia Z3 Plus Dual - Ограничување на повици

background image

Ограничување на повици

Можете да ги блокирате сите или одредени категории на дојдовни и појдовни повици. Доколку сте
примиле PIN2-код од обезбедувачот на услуги, можете исто така да користите листа со броеви за
фиксно бирање (FDN) за да ги ограничите појдовните повици. Доколку вашата претплата вклучува
услуга на говорна пошта, може да ги испратите сите дојдовни повици од одреден контакт директно
во говорна пошта. Доколку сакате да блокирате одреден број, појдете до Google Play™ и
преземете апликации што ја поддржуваат оваа функција.

FDN не е поддржано од сите мрежни оператори. Контактирајте со својот мрежен оператор
за да потврди дали вашата SIM-картичка или мрежна услуга ја поддржуваат оваа
функција.

Блокирање дојдовни или појдовни повици

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Повици.

3

Одберете SIM-картичка.

4

Допрете Забрана за повици, па одберете опција.

5

Внесете ја лозинката и допрете Вклучи.

Кога за првпат поставувате забрана за повици, треба да внесете лозинка за активирање
на функцијата за забрана за повици. Истата лозинка мора да ја користите и ако подоцна
сакате да ги уредувате поставките за забраната за повици.

Вклучување или исклучување на фиксното бирање

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Повици.

3

Одберете SIM-картичка.

4

Допрете Броеви за фиксно бирање.

5

Ако сакате да го вклучите фиксното бирање, одберете Активирај фиксно бирање.
Ако сакате да го исклучите фиксното бирање, одберете Деактивирај фиксно
бирање
.

6

Внесете го својот PIN2 и допрете OK.

Пристапување до листата на прифатени примачи на повик

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Повици.

3

Одберете SIM-картичка.

4

Допрете Броеви за фиксно бирање > Броеви за фиксно бирање.

За да се промени PIN2 на SIM-картичката

1

Од Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Повици.

3

Одберете SIM-картичка.

4

Допрете Броеви за фиксно бирање > Промени PIN2.

5

Внесете PIN2 од старата SIM-картичка и допрете OK.

6

Внесете PIN2 од новата SIM-картичка и допрете OK.

7

Потврдете го новиот PIN2 и допрете OK.

82

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Испраќање дојдовни повици од одредени контакти директно во говорна пошта

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете .

3

Одберете го контактот за којшто сакате да ги насочите сите дојдовни повици автоматски во
говорната пошта.

4

Допрете > .

5

Обележете го полето за избирање покрај Сите пов. на говорн. пошта.

6

Допрете ЗАЧУВАЈ.