Sony Xperia Z3 Plus Dual - Персонализирање на тастатурата на екранот

background image

Персонализирање на тастатурата на екранот

Кога внесувате текст со помош на тастатурата на екранот, може да пристапите до поставките за
тастатурата и за другите начини на внесување текст што ви помага, на пример, да поставите
опции за јазиците на пишување, за предлозите за зборови и нивното поправање. Може да добиете
предлози за зборови за еден јазик одеднаш со деактивирање на функцијата за паметно
препознавање на јазикот.
Тастатурата може да користи текст којшто сте го напишале во пораките или другите апликации за
да го научи вашиот стил на пишување. Постои и Водич за персонализација којшто ќе ве води низ
најосновните поставки за брзо да почнете со работа. Може да користите други тастатури и да се
префрлате помеѓу тастатурите. На пример, може да ја одберете кинеската тастатура на Xperia™
или јапонската тастатура на Xperia™.

Пристапување до поставките за тастатурата на екранот

1

Кога внесувате текст користејќи ја тастатурата на екранот, допрете

.

2

Допрете , а потоа допрете Поставки за тастатурата и изменете ги поставките како
што сакате.

3

За да додадете јазик за пишување за внесување на текст, допрете Јазици на
пишување
и означете ги релевантните полиња за избор.

4

Допрете ја опцијата OK за да потврдите.

Измена на поставките за предлагање зборови

1

Кога внесувате текст користејќи ја тастатурата на екранот, допрете

.

2

Допрете , потоа допрете Поставки за тастатурата > Предлагање зборови.

3

Одберете опција.

Одбирање друга тастатура

1

Кога внесувате текст со тастатурата на екранот, допрете на

во долниот десен агол на

екранот.

2

Одберете опција.

Менување на јазикот за пишување користејќи ја тастатурата на екранот

Оваа функција е достапна само ако сте додале повеќе јазици за внесување, а функцијата
за паметно препознавање на јазикот е исклучена или ако во одбраните јазици има јазици
што не се на латиница.

Кога внесувате текст користејќи ја тастатурата на екранот, допрете на иконата од јазикот за
пишување за да се префрлате помеѓу одбраните јазици. На пример, допрете сѐ додека

не се појави посакуваниот јазик за пишување.

Користење на својот стил на пишување

1

Кога внесувате текст користејќи ја тастатурата на екранот, допрете

.

2

Допрете , па допрете Поставки за тастатурата > Користи го мојот стил на
пишување
и одберете извор.

75

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Вклучување или исклучување паметно препознавање на јазикот

Паметното препознавање на јазикот е достапно само на латиница.

1

Кога ќе се прикаже тастатурата на екранот, допрете

.

2

Допрете , па допрете Поставки за тастатурата.

3

Допрете Јазици на пишување и одберете ги полињата за јазиците што сакате да ги
користите.

4

Допрете го лизгачот Паметно препознавање јазик .

Одбирање варијанта за распоредот на тастатурата

Варијантите за изгледот на тастатурата на екранот може да не се достапни за сите јазици.
Може да одберете различни распореди за тастатурата за секој јазик.

1

Кога внесувате текст користејќи ја тастатурата на екранот, допрете

.

2

Допрете , потоа допрете Поставки за тастатурата.

3

Допрете Јазици на пишување, потоа допрете на

покрај јазикот.

4

Одберете варијанта за изгледот на тастатурата.

5

Допрете OK за да потврдите.

76

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.