Составување
Уредот поддржува само нано SIM-картички.
Вметнување нано SIM-картичка
8
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
1
Свртете го уредот надолу и отворете го капакот на држачот за нано SIM-картичка и
мемориска картичка.
2
Користејќи го нокотот, извлечете го држачот.
3
Поставете ја нано SIM-картичката (или картичките) во соодветниот отвор (или отвори) од
држачот и вратете го назад.
4
Затворете го капакот.
Доколку вметнете нано SIM-картичка додека уредот е вклучен, тој автоматски ќе се
рестартира.
Вметнување мемориска картичка
1
Отворете го капакот за отворите на мемориската картичка и нано SIM-картичката.
2
Вметнете ја мемориската картичка во отворот наменет за неа и затворете го капакот.
Проверете дали сте ја вметнале мемориската картичка во правилната ориентација.
Отстранување на нано SIM-картичката
1
Отворете го капакот за отворите на мемориската картичка и нано SIM-картичката.
2
Извлечете го држачот на нано SIM-картичката со помош нокотот или некој друг сличен
предмет.
3
Отстранете ја нано SIM-картичката (или картичките) во соодветниот отвор (или отвори) за
нано SIM-картичката на држачот, а потоа вратете го држачот.
4
Затворете го капакот.
Отстранување на мемориската картичка
1
Исклучете го уредот и отворете го капакот за отворите на мемориската картичка и нано
SIM-картичката.
2
Притиснете ја мемориската картичка навнатре и потоа брзо ослободете ја.
3
Затворете го капакот.
Мемориската картичка може да ја отстраните и без да го исклучувате уредот во чекор 1.
За да го користите овој начин, прво мора да ја отстраните мемориската картичка под
Поставки со допирање на Зачувување > Отстрани ја SD-картичката.