Прво вклучување на уредот
При првото вклучување на уредот, се отвора водич за поставување за да ви помогне да ги
конфигурирате основните поставки, да се пријавите на некои сметки и да го персонализирате
својот уред. На пример, доколку имате сметка на Sony Entertainment Network или Google™, може
да се пријавите на нејзе тука и веднаш да ја поставите.
До водичот за поставување може да пристапите и подоцна од менито Поставки. За
пристапување до водичот за поставување на уред со повеќе корисници, мора да сте
пријавени како сопственик, односно, примарен корисник.
Вклучување на уредот
1
Притиснете го и задржете го копчето за вклучување додека уредот не завибрира.
2
Внесете го PIN-кодот од SIM-картичката кога ќе се побара, а потоа допрете
.
3
Почекајте додека не се вклучи уредот.
Исклучување на уредот
1
Притиснете и задржете го копчето за вклучување додека не се отвори менито со опции.
2
Во менито со опции, допрете Исклучување.
Може да помине одредено време додека да се исклучи уредот.