Sony Xperia Z3 Plus Dual - Управување со батеријата и енергијата

background image

Управување со батеријата и енергијата

Уредот има вградена батерија. За да ја искористите максимално, следете ја потрошувачката на
енергија на различните апликации и функции. Функциите за штедење енергија во заднина
стандардно се активираат за да се намали потрошувачката на батеријата, а дополнителните
режими за штедење енергија се достапни за да ви помогнат при понатамошно намалување на
потрошувачката на батеријата кога тоа е потребно.
Функциите за штедење енергија го намалуваат приоритетот за одредени функции коишто не се
неопходни за уредот, како што се изведбата за слики со повисок квалитет, мрежните активности
како услугите за локација, синхронизација на апликацијата и скенирање на Wi-Fi во заднина. Ако
не сакате ова да влијае врз одредена апликација, може да направите исклучок во менито
Оптимизација на батеријата. Ова не влијае врз телефонските повици и SMS-пораките.

Ажурирањата на системот може да ги променат функциите за штедење енергија достапни
на вашиот уред.

Преглед на потрошувачката на батеријата, преостанатото време и совети за
штедење на енергија

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Батерија. Се прикажува преглед со процентот на
батеријата и преостанатото време на батеријата.

3

Допрете ПОКАЖИ ГО КОРИСТ. НА БАТЕР. за да видите листа на функции и услуги
што трошеле енергија од батеријата од последниот циклус на полнење. Допрете на
одреден објект за да добиете информации како да ја намалите потрошувачката на
батеријата.

Преглед на потрошувачката на батеријата за апликациите

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Апликации.

3

Одберете апликација и прегледајте ја потрошувачката на батеријата под Користење на
батеријата
.

Совети за општа употреба за подобрување на перформансите на батеријата

Следниве совети можат да ви помогнат да ги подобрите перформансите на батеријата:

40

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Намалете го нивото на светлина на екранот. Видете во Поставки на екранот на
страницата 62.

Исклучете ги Bluetooth®, Wi-Fi и услугите за локација кога не ви се потребни.

Исклучете го уредот или користете авионски режим доколку сте во област со слаба или без
мрежна покриеност. Во спротивно, вашиот уред постојано ќе бара достапни мрежи, а тоа
троши енергија.

Користете Wi-Fi мрежа наместо роаминг кога сте во странство. Роамингот ја бара вашата
домашна мрежа, што ја троши батеријата дополнително бидејќи уредот мора да пренесува
со зголемена излезна енергија. Видете во Wi-Fi на страницата 51.

Променете ги поставките за синхронизација на е-поштата, календарот и контактите. Видете
во Синхронизирање со електронските сметки на страницата 58.

Проверете ги апликациите што ја трошат многу батеријата и размислете за примена на
советите за штедење на батеријата дадени во уредот за овие апликации.

Променете го нивото на известување за апликацијата. Видете во Известувања на
страницата 33.

Исклучете ја дозволата за споделување на локацијата за одредена апликација. Видете во
Поставки за апликации на страницата 64.

Деинсталирајте ги апликациите што не ги користите. Видете во Екран со апликации на
страницата 28.

Користете оригинален handsfree уред на Sony за да слушате музика. Handsfree уредите
трошат помалку батерија отколку звучниците на уредот.

Рестартирајте го уредот одвреме-навреме.

Правење исклучоци во функциите за штедење енергија за апликациите

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Батерија.

3

Допрете и одберете Оптимизација на батерија. Ќе видите листа на апликации
коишто не се оптимизирани.

4

За да додадете или отстраните апликации од оваа листа, допрете АПЛИКАЦИИ и
одберете или откажете го одбирањето на одредена апликација од листата за да ги уредите
нејзините поставки за оптимизација.

5

Листата на апликации коишто не се оптимизирани ќе се ажурира согласно поставките.

Не може да го исклучите оптимизирањето на апликациите од Ultra STAMINA-режимот.

Оптимизација на батерија може да се конфигурира и од Поставки > Апликации > >
Посебен пристап.

STAMINA-режим

Во зависност од нивото на STAMINA, различни функции ќе се ограничат или исклучат за да се
намали потрошувачката на батеријата. Тука спаѓаат: изведбата за прикажување, анимацијата и
светлината на екранот, подобрувањето на сликата, заднинското синхронизирање на податоците
од апликациите, вибрациите (освен за дојдовните повици), стримингот и GPS (додека екранот е
исклучен). се појавува во лентата за статус.

Ако уредот го споделувате со повеќе корисници, можеби ќе треба да се пријавите како
сопственик, односно како примарен корисник, за да го активирате или деактивирате
STAMINA-режимот.

Активирање или деактивирање на STAMINA-режимот

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Батерија.

3

Допрете STAMINA-режим и допрете го лизгачот за да ја активирате или деактивирате
функцијата. Кога STAMINA-режимот е активиран, може да изберете дополнителни опции,
на пример може да го приспособите процентот за автоматско вклучување според вашите
потреби.

Може да го исклучите оптимизирањето на апликациите во STAMINA-режимот во менито
Оптимизација на батеријата.

41

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Ultra STAMINA-режим

Рокот на траење на батеријата е значително продолжен, но достапните апликации се ограничени
и мобилните податоци и Wi-Fi се исклучени. Повикувањето и SMS се сѐ уште достапни. Почетниот

екран се заменува и се појавува во лентата за статус.

Ако уредот го споделувате со повеќе корисници, можеби ќе треба да се пријавите како
сопственик, односно како примарен корисник, за да го активирате или деактивирате Ultra
STAMINA-режимот.

Активирање на Ultra STAMINA-режимот

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Батерија.

3

Допрете Ultra STAMINA-режим, а потоа допрете АКТИВИРАЈ.

4

Потврдете за активирање.

Не може да го исклучите оптимизирањето на апликациите од Ultra STAMINA-режимот.

Деактивирање на Ultra STAMINA-режимот

1

Повлечете ја лентата за статус надолу за да пристапите до паното со известувања.

2

Допрете Деактивирај го Ultra STAMINA-режимот.

3

Допрете OK.

Ако го деактивирате Ultra STAMINA-режимот, уредот ќе се рестартира.